Струмица Форуми
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Струмица Форуми


 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Дали сме жртви на вонземјанини?

Go down 
АвторПорака
Simona_WWW
Почетник
Почетник
Simona_WWW


Female Број на мислења : 24
Age : 32
Локација : Скопје
Registration date : 2007-09-11

Дали сме жртви на вонземјанини? Empty
ПишувањеПредмет: Дали сме жртви на вонземјанини?   Дали сме жртви на вонземјанини? Icon_minitimeПет Сеп 14, 2007 10:09 am

Вистина запишана во потсвеста
Паранормални и духовни аспекти во блиски средби со алиените од летечките чинии, денес се мета на многубројни научни истражувања. Иако не оставаат материјални докази, жртвите на вонземјаите под хипноза откриваат драматични искуства кои се граничат со фантастика!
Последните години во САД голем број научници истражуваат речиси неверојатен феномен: искуства на луѓе кои имале “блиски средби од трет вид”. Со помош на хипноза, кај пациентите се оживуваат сеќавањата на средбите со вонземјани кои доаѓаат од некаде, од вселена или од нам непознати просторно- временски димензии.


Сензационална книга
“Многу кои се сомневаат дека биле грабнати, имале средба со вонземјаните, доаѓаат во мојата ординација, каде по пат на хипноза им помагам во оживување на сеќавањата потиснати некаде длабоко во потсвеста”, вели Др. Едит Фиоре, едена од најпознатите американски хипнотерапеути, автор на бестселерот “Средби”, книга која содржи фантастични сведочења на луѓе кои биле под најразлични околности жртви на вонземјани.

Едит Фиоре е психолог со вонредна професионалност во својата професија. Со хипноза почнала да се занимава случајно пред триесетина години. На еден викенд –семинар за хипноза, организаран во Биг Суру 1973 та година, таа прв пат доживеала да биде хипнотизирана и некого да хипнотизира. Од тогаш наваму се занимава со хипнотерапија и научни истражувања во кои вонземјаните се центар на внимание. Во таа област стекнала углед и слава.
Др Фиоре е една од ретките терапевти и своите своите сознанија и искуства ги разменува со останатите научници. Всушност тоа била и главна причина да ја објави сензационалната книга “Средби”, во која убедливо докажува дека вонземјаните се дел од нашата стварност.
Покрај возбудливи сеќавања на драматични средби, во книгата детално е објаснета техниката на распознавање одредени назнаки кои упатуваат на потенцијални жртви на драматичните средби, а во закључокот на книгата се наведува листа на организации имиња на сите научни истражувачи и хипнотерапевти во Америка, кои може да им помогнат на жртвите .


Десет најчести симптоми
Др Фиоре верува дека на оваа планета има голем број луѓе кои имале “средби од трет вид”, но поради извонредната способност на алиените, на тоа не можат да се сетат. Истражувајќи го овој феномен, Др Фиоре успеала да дојде до невероватни сознанија - вонземјаните се присутни меѓу нас и постојано прават експерименти на Земјата!

Поради тоа таа ги повикува сите читатели да ги проверат своите сеќавања и да проверат дали евентуално биле жртви на “загонетни настани”. При тоа таа нуди прецизни инструкции и десет најчести знаци кои упатуваат дека некои доживеал “средба од трет вид”:


-неспособност за рачунање на времето,
-ноќни кошмари или сонови во кои се јавуваат вонземјани или НЛО,
-пореметување на спиењето,
-будење со необични чувствства во телото,
-појава на мистериозни белези по телото,
-чувство дека некој постојано ве набљудува или комуницира со вас,
-ако повеќепати сте виделе НЛО,
-неодредени сеќавања на блиски средби со алиените,
-необјаснето излечени болести,
-реакција со страв и возбудување на само споменување на НЛО и вонземјани.
Вратете се на почетокот Go down
 
Дали сме жртви на вонземјанини?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Струмица Форуми :: »»» ЖИВОТ ««« :: Мистерии и Религија-
Отиди до: