Струмица Форуми
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Струмица Форуми


 
HomeБарајLatest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“

Go down 
3 posters
АвторПорака
Anarchy[MKD]
Администратор
Администратор
Anarchy[MKD]


Male Број на мислења : 23
Age : 37
Локација : Торонто
Registration date : 2007-09-08

Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Empty
ПишувањеПредмет: Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“   Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Icon_minitimeВто Сеп 11, 2007 6:22 am

VIP е новиот национален мобилен оператор во Македонија и е член на групацијата mobilkom austria. VIP како трет национален мобилен оператор гарантира вистинска конкуренција во областа на мобилната телекомуникација, со пониски цени и поголем квалитет на производите и услугите во интерес и задоволство на корисниците.

Mobilkom austria group ја обезбеди лиценцата за трет мобилен оператор во Република Македонија на 26-ти март годинава, за која плати 10 милиони евра, со која се гарантира присутност на пазарот во период од 10 години, а која автоматски се продолжува на дополнителни 10.

Според Младен Пејковиќ, главниот извршен директор на VIP, новиот оператор е подготвен да одговори на барањето на граѓаните, кој знае што очекуваат и какви можности имаат. Според него VIP со своите услуги и активна оперативност ќе започне до крајот на овој месец откако ќе бидат најавени цените, а кои се очекува да бидат и до 50% пониски од конкурентите. Телефонските броеви на VIP ќе започнуваат со префиксите 077 и 078 со територијална покриеност на целата држава, благодарение на договорот за национален роаминг.

VIP за почеток ќе ја користи инфраструктурата и мрежата на T-Mobile со која има потпишано договор за национален роаминг, додека не заврши изградбата на сопствена инфраструктура која треба да ја покрива целата територија на државата и за која е планирано да се одвојат 50 милиони евра. За тоа време VIP ќе ја покрива државата со свој сигнал и нема да влијае на крајната цена кон корисниците.

Компанијата веќе има вработено над 100 македонски експерти, и има направено договор со над 100 компании, со што се очекува вистинска конкуренција и исполнување на ветувањата што компанијата ги даваше.

Според првите луѓе на VIP, мобилната телефонија во Македонија е со високи цени поради непостоење на вистинска конкуренција. Тие велат дека на граѓаните ќе им понудат најквалитетни и највисоки услуги за вложените пари според европските стандарди. Според Пејковиќ, корисниците и нивните потреби се најважниот елемент во работата на VIP, и секој корисник ке се третира подеднакво и со голема вредност. Ние сме тука за нив и за нивните потреби, отворени за сите и достапни во секое време - вели Пејковиќ. Основните подготовки за започнување со работа како што се грижата за корисници, продажните пунктови и други сегменти се во завршна фаза, па VIP може да стартува со работа од овој месец. За други подетални информации посетете го официјалниот сајт на VIP

Инаку Мobilkom austria групацијата ја сочинуваат: mobilkom austria (Австрија), Vipnet (Хрватска), Si.mobil (Словенија), mobilkom liechtenstein (Лихтенштајн), Mobiltel (Бугарија), Vip mobile (Србија) и VIP оператор (Македонија), и опслужуваат вкупно околу 11 милиони корисници.

Превземено од [url=true][url=true][url=true]ТЕХНОЛОГИЈА[/url][/url][/url]
Вратете се на почетокот Go down
Hacker_WWW
Почетник
Почетник
Hacker_WWW


Male Број на мислења : 14
Age : 33
Локација : Скопје
Registration date : 2007-09-11

Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“   Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Icon_minitimeВто Сеп 11, 2007 10:20 am

Колку што сум информиран цените на почетокот ќе бидат малку “пониски“ од останатите два оператора(Т-Мобиле и Космофон)Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ 271332
Вратете се на почетокот Go down
Psycho =o_O= <3
Почетник
Почетник
Psycho =o_O= <3


Male Број на мислења : 49
Age : 30
Локација : Strumica
Registration date : 2007-09-13

Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“   Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Icon_minitimeПет Сеп 14, 2007 7:27 am

lol Шо знам како и да е засега сум на Cosmofone па ке видам сега со ке нуди овој новиов оператор ако е добар ке се префрлам на него
Вратете се на почетокот Go down
Anarchy[MKD]
Администратор
Администратор
Anarchy[MKD]


Male Број на мислења : 23
Age : 37
Локација : Торонто
Registration date : 2007-09-08

Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“   Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Icon_minitimeСаб Сеп 22, 2007 12:40 pm

Можете да го посетите и нивниот веб сајт, www.vipoperator.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“   Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“ Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Новиот мобилен оператор во Македонија “ВИП“
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Струмица Форуми :: »»» КОМПЈУТЕРИ И ТЕХНОЛОГИЈА ««« :: Мобилни-
Отиди до: