Форумов е замислен како алатка за сите тие кои се во вечна online потрага по нови знаења и сакат да го прошират својот свет на знаења.Нашата цел е да овозможиме основа за македонскиот интелектуален ум,
поврзување на генерациите и место каде луѓето би можеле да дискутираат
на дадени, или пак теми кои тие би ги предложиле.
Правилата на форумов, се следните:
- Сите пораки претставуваат лични ставови на самите членови, а не на сопсвениците на овој форум.
- Забрането е било каква дискриминација(Национална, Полова, Верска... )
- Постови кои немаат никаква содржина и се пишувани со цел на флудирање ќе бидат избришани.
- Забрането е употребување на било какви вулгарни зборови на форумот. Имајте на ум ова е јавен форум и може да биде читан од секого!
- Пред да отварате нова тема, ве молиме проверете дали темата веќе е отворена од некој останат член.
- Забрането е рекламирање на други форуми во темите(единсвено место каде што е дозволено за рекламирање на други форуми е полето за потпис)
- Потписите држете ги во нормални големини.
- Доколку некој ве малтретира преку
ПП(
Приватни Пораки) пријавете на некој од Администраторите/Модераторите преку
ПП(
Приватна Порака)
- Препорачливо е пишување на
кирилица, а не на
latinica , заради поголема прегледност.
Тимот на „Струмица“ форумот го задржува правото за изменување на правилата, доколку тоа е потребно.
Уживајте и забавувајте се на форумот